Кадиров: Чеченски борци испратени на руската граница со Украина

Од:

Чеченски борци се распоредени во руската област Белгород, која граничи со Украина, за да спречат напади на „украинските диверзантски групи“, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Во последниот месец, надлежните од регионот на Белгород пријавија серија прекугранични упади на „проукраински руски партизански групи кои себеси се нарекуваат противници на претседателот Владимир Путин“, пренесува Ројтерс.

Кадиров рече дека борците од баталјонот Запад-Ахмат биле распоредени во близина на пограничното село Нехотеевка и контролен пункт во областа Граиворон, местото на прекуграничниот напад во мај.

– Жителите на териториите долж границата со Украина можат да бидат мирни. Кој и да влезе во нашите граници ќе добие брз одговор – напиша Кадиров на Телеграм.

Украина негира вмешаност во прекугранични напади, додава Ројтерс.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море

На потег е Западот, Москва дополнува: Пораката од Путин е јасна и многу важна

Предраг Петровиќ

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ