Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ги критикуваше шефовите на руското Министерство за внатрешни работи и Истражниот комитет за случајот со чеченскиот тинејџер Муслиман Мурдиев.
Според новинската агенција Грозни-Информ, која ја пренесува РИА Новости, Кадиров изјавил дека Чеченија „долго време работи на случајот на тинејџер кој е уапсен во Русија и кој е обвинет за четири кривични дела.
„Долго работиме на случајот Муслим Мурдиев, активисти за човекови права, пратеници, сенатори – сите претставници, вклучително и јас. Тие луѓе кои седат на врвот, истражните органи на чело со Бастрикин и Колоколцев не на нивните места“, рече Кадиров.
Главната истражна управа на Истражниот комитет на Русија за Москва отвори кривична постапка против Муслим Мурдиев врз основа на четири кривични дела.
Тинејџерот се товари дека во дослух со група лица грубо го нарушил јавниот ред со употреба на насилство врз граѓани.
Седум месеци е во домашен притвор.
Исто така, освен него, во случајот се вклучени уште четири лица.
Според зборовите на Мурдиев, тој застанал во одбрана на пријателот кој бил нападнат од поттикнувачот на тепачката.