Каде исчезна командантот на украинската армија

Од:

Командантот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, не го виделе ниту неговите патрони од НАТО. Тој одби да учествува на конференцијата на началниците на Генералштабот на Алијансата, дури ни писмено не се обрати, јавува руската телевизија „Русија 24“.

Во медиумите се шпекулира дека украинскиот командант може да биде ранет, па дури и убиен. Неодамна во близина на Павлоград беше уништен штабот каде што можеше да биде Залужни. На 9 мај беше објавено дека е ликвидиран советникот на кабинетот на претседателот на Украина, Алексеј Титоренкo, кој беше нападнат во близина на градот Часов Јар. Дали бил таму сам или со Залужни не е познато.

Сепак, експертите не исклучуваат дека Залужни е жртва на амбициите на Зеленски.

„Офанзивата, на пример, требаше да започне на 9 мај, но не започна. Зеленски го обвини Залужни за се, тој рече: Поднеси оставка. Сирски преземете команда, пренесува Спутник. Во таква ситуација, се разбира, ниту еден од генералите не бил подготвен за состанок на НАТО“, смета експертот Јуриј Кнутов.

Друга верзија е дека Александар Сирски, командантот на копнените сили на Украина, е ликвидиран, поради што Залужни мора да командува со сите и е навистина многу зафатен.

Би можело да ве интересира

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ