Каде е дозволена употребата на марихуана?

Од:

Американските држави Колорадо и Вашингтон неодамна преку референдум го легализираа консумирањето марихуана, додека во повеќето американски држави е дозволена употребата на канабис како лек.

Врховниот суд во Хрватска минатата година „одобри“ користење марихуана како лек, бидејќи обвинетиот растението го користел да ја ублажи болката поради мултипекс склероза.

И покрај противењето на медицинските вештаци, Домагој Јанковиќ од Загреб беше ослободен од затворот за кривичното дело одгледување и поседување марихуана, бидејќи со нејзиното користење ги намалувал тешките симптоми од неизлечивата болест. Хрватската медицинска јавност коментираше дека Врховниот суд со одлуката ја „легализирал“ марихуаната како лек.

sijetl_1354876914_670x0

Во Србија ова е кривично дело, и ваквите случаи останаа во затвор, иако поедини лекари најавуваат дека се разгледува можноста да се употребува марихуаната за лечење и кај нив.

Во светските невролошки кругови, постојат релевенатни факти дека марихуаната лечи мултиплекс склероза. Меѓутоа, во истите кругови сериозно се разгледува можноста за нејзино користење за таканаречената симптоматска терапија, односно ублажување на болките и укоченоста на долните екстремитети кои се јавуваат кај оваа болест. Англија има најмногу напреднато со овие истражувања и таму веќе се користи марихуаната за ублажување на болка.

Франција пред два месеци одобри користење на лекови на база на канабис, што досега беше забрането. Лечењето со канабис меѓутоа останува контраверзно прашање во Франција, а првиот производ од растението што ќе се најде во продажба ќе биде спреј за заболените од мултиплекс склероза, кој е веќе достапен во Германија и во Англија.

Во некои земји како Канада, Израел, и Чешка одредени количини на марихуаната се во слободна продажба. Може легално да се одгледува и на приватен посед.

Заговорниците на слободниот пазар за марихуаната сигурни се доколку се легализира, „црниот пазар“ ќе исчезне и ќе биде решен проблемот со трговијата со дрога.

Критичарите пак се сомневаат во таквите тврдења, посочувајќи дека Холандија не успаеала во тоа, иако одамна има дозволено слободна продажба и консумирање на мариухуана. Тие остануваат на ставот дека марихуаната е штетна за организмот и дека создава зависност.

Би можело да ве интересира

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ