Кацин: Србија може да биде лидер во регионот

Од:

Србија, како најголема земја на Западен Балкан, може да биде лидер во регионот, оцени известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин, истакнувајќи дека е дојдено време Белград да стане „мотор на напредокот на Западен Балкан“.

Тој нагласи дека Белград предолго бил сопирачка, оценувајќи дека „Србија, Црна Гора и Косово географски, економски и историски се упатени едни кон други“.

– Народите на овие земји со векови живеат заедно и освен што имаат заеднички граници, сообраќајна и енергетска инфраструктура, имаат и заедничко минато, истакна Кацин, додавајќи дека затоа мораат да се посветат на изградба на подобра иднина во рамки на ЕУ, што значи дека мораат меѓусебно да разговараат и соработуваат.

Известувачот на ЕП ги отфрли оценките кои доминираат во српската јавност дека меѓународната заедница во дијалогот меѓу Белград и Приштина постојано бара отстапки само од Србија.

– Таквите ставови само и штетат на Србија, изјави Кацин, нагласувајќи дека проблемот е во тоа што Србија е свртена само кон своите интереси и не ги гледа напорите на другите.

Според него, и Приштина вложува големи напори во дијалогот да се дојде до напредок.

– Приштина сака визна либерализација и таа тоа го заслужува, а нејзината вистинска цел е почеток на преговори за Договорот за стабилизација и асоцијација, додаде Кацин.

Тој потсети дека Надворешно-политичкиот комитет на ЕП во третата недела од март повторно ќе го разгледа извештајот за напредокот на Србија.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина