Качински ги повика Полјаците да ја бранат црквата од протестите на жените

Од:

Потпретседателот на полската Влада, лидерот на владејачката конзервативна партија Право и правда, Јарослав Качински синоќа изјави дека нема шанси да се преиначи пресудата на Уставниот суд за абортусот и ги повика Полјаците по секоја цена да ја бранат црквата од протестите на жените.

– Тоа е обврска на државата, но и обврска на граѓаните. Посебно мора да ја браниме полската црква. Ги повикувам сите членови на Право и правда и тие кои не поддржуваат да земат учество во одбрана на црквата, напиша Качински на социјалните мрежи.

Качински првпат се огласи, иако секоја вечер група демонстранти доаѓаат пред неговиот дом.

Пратеничките од опозициската Левица вчера во Сејмот мирно стоеја пред него.тие на лицата имаа маски со цртеж на молња, симбол на протестите против законот за абортус.

Поглаварот на Полската католичка црква, надбискупот Војчек Полак, кој припаѓа на либералното крило на полските католици, од почетокот апелира да се смират страстите и да се почне разумен дијалог за законот за абортус, без насилство. Тој упати и апел до демонстрантите да не ги скрвнават црквите со боја и натписи, бидејќи за законот за абортус се одлучува Парламентот, а не Полската католичка црква.

– Морална обврска на христијаните е деескалација на конфликтот, а не негово интензивирање, истакна Полак.

Додека премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки вчера изјави дека „мора да бидат запрени“ масовните протести за правото на жената на абортус.

– Луѓето кои излегуваат на улици го занемаруваат огромниот ризик од ширење на коронавирусот, истакна Моравјецки.

Во Полска изминатите шест дена протестираат активистите за женски права поради заострување на строгиот закон за абортус.

Полскиот Врховен суд минатата недела одлучи дека е неуставно да се прекине бременоста поради вродени оштетувања на фетусот, а со пресудата стриктно се забранува речиси сите абортуси во Полска.
– Одлуката на судот се уште не стапи во сила, бидејќи се уште не е официјално објавена.

Невладината организација Федерација на жени и планирање на семејството соопшти дека годишно во Полска се извршуваатод од 100.000 до 150.000 абортуси, од кои некои илегално, а некои во странство.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази