Јужнокорејска разузнавачка служба: Ким Џонг-ун нема здравствени проблеми

Од:

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја верува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нема здравствени проблеми, објави Јонхап. Разузнавачката служба дошла до овие заклучоци користејќи технологии за вештачка интелигенција.

Службата ги негира наводите дека Ким Џонг-ун користел двојници за време на неговите неодамнешни јавни настапи. Годинава во јавноста се појави 70 пати, што е за 45 проценти повеќе од лани.

Разузнавањето во Сеул потврди дека севернокорејскиот лидер ослабел 20 килограми.

Пред една година, среде шпекулациите за влошена здравствена состојба на Ким Џонг-ун, разузнавачката служба соопшти дека тој нема сериозни здравствени проблеми и покрај тоа што има прекумерна тежина.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета