Надлежните австриски власти забрзано работат да утврдат како јужноафриканскиот вид на коронавирусот стигнал до провинцијата Тирол, а според медиумите, тој бил „увезен“ од граѓани кои биле во Јужна Африка на прослава на нова година.
Дневниот весник „Тироле Тагесцајтунг“ (ТТ) тврди дека некои жители на регионот Цилертал, каде што беше откриен овој нов вид во Австрија, за време на новогодишните празници биле во Јужна Африка, каде се заразиле.
Според весникот, тие лица, по враќањето, не се придржувале до карантинот и со тоа го пренеле вирусот.
Во Тирол, потврдени се седум случаи на инфекција со јужноафриканскиот вид на коронавирус, од кои пет се во општината Шваз, како и еден случај во Инсбрук и еден во околината на Инсбрук.
Покрај тоа, постои сомневање дека новиот вид е причина за кластер во дом за стари лица во Минстер, каде се заразени 18 лица.