Јужна Кореја и САД денеска ги започнаа редовните едногодишни заеднички воени вежби кои ќе траат еден месец.
Минатиот месец Пентагон соопшти дека на вежбите ќе учествуваат 23.700 Американци и триста илјади Јужнокорејци.
Редовните вежби на САД и Јужна Кореја обично се спроведуваат во март, но оваа година беа одоложени поради Зимските олимписки игри, како и за да се создадат услови за обновување на преговорите меѓу Северна и Јужна Кореја.