Јужна Кореја ќе испрати воен брод со 300 морнари во Ормутски Теснец, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
Таквата одлука е донесена на барање на САД, во време на зголемени тензии помеѓу Вашингтон и Техеран.
САД го обвинуваат Иран за низа напади врз бродови во Ормутски Теснец, што е важна стратешка точка за светската трговија со нафта.
Во Ормутски Теснец и САД испрати поморска мисија.
Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека бродот нема да биде дел од воено поморската мисија на САД и покрај тоа што двата офицера за врска ќе бидат испратени во Штабот на САД за „размена на информации“. Јужна Кореја има дипломатски односи со Техеран уште од 60-тите години на минатиот век. Иран е еден од клучните снабдувачи на нафта на Сеул.