Јужна Кореја и САД денеска почнаа 12-дневна воена вежба, на која ќе се изведуваат заеднички акции како одговор на евентуален напад од Северна Кореја, пренесува Танјуг.
– Во вежбата учествуваат околу 50.000 јужнокорејски војници и 3.000 војници од САД, соопшти Министерството за одбрана во Сеул.
Воената вежба се изведува во момент на големи тензии на Корејскиот Полуостров, предизвикани од експлозијата на севернокорејски мини во јужнокорејскиот дел на демилитаризираната зона на 4. август, при што двајца јужнокорејски војници беа повредени.
Официјален Сеул заедничката воена вежба ја оцени како подготовка за напад врз Северна Кореја и ја поистовети со објавување на војна.