Јужна Кореја и САД ги започнаа најголемите вежби од 2017 година

Од:

Јужна Кореја и САД денеска ги започнаа најголемите заеднички воени вежби од 2017 година, објавија јужнокорејските власти.

Годишните летни вежби треба да завршат на 1 септември, а јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол, кој ја презеде функцијата во мај, вети дека ќе ги „нормализира“ заедничките вежби со САД и ќе го зајакне военото одвраќање против Северна Кореја.

Одделно, Сеул започна четиридневна вежба за цивилна одбрана чија цел е зајакнување на подготвеноста на владата, прва од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Северна Кореја лансираше два крстосувачки ракети од нејзиниот западен брег минатата недела, откако Сеул и Вашингтон почнаа да се подготвуваат за вежби.

Јун рече дека неговата влада е подготвена да обезбеди економска помош за северниот сосед, под услов Пјонгјанг да преземе чекори кон денуклеаризација, но Северна Кореја ја отфрли понудата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина