Јусеф: Филмот не е причина, насилствата биле планирани

Од:

Адвокатите на Марк Басељ Јусеф, авторот на филмот „Невиност на муслиманите, тврдат дека филмот не е причина за насилството во Египет и Либија.

Тоа велат, го докажува и последниот извештај на Стејт департментот и Белата куќа.

Адвокатот Крис Вилијамс, изјави дека нападите, како оној во Бенгази во кои е убиен американскиот амбасадор Крис Стивен, биле порано планирани, и дека филмот тоа не го предизвикал.

Јусеф е во притвор, но не поради филмот, туку поради кршење на претходната пресуда за условна затворска казна за банкарска измама.

Со пресудата му беше забрането 5 години да не користи компјутер и интернет.  Со пресудата беше утврдено дека Јусеф, кој тогаш се викал Накула, презел идентитет на повеќе лица и подигал пари во нивно име.

Неколку глумци од филмот најавија дека ќе го тужат, затоа што сменил делови од филмот и дека не им кажал што ќе биде темата.

Би можело да ве интересира

Тројца политичари на АфД нападнати во Германија

Горан Наумовски

Во Австрија уапсени четири лица кои планирале напади на црква и катедрала

Русија продолжува да извршува жестоки напади во Украина

Девет напади со беспилотни летала од утрото во Киев, експлозии и во Одеса

Украина отвори кривична постапка за руските ракетни напади

Нападите на Киев ќе засилат ако се изврши каков било напад на Русија, предупредија Русите

А1он