Јункер: Советот на Европа е надлежен за човековите права во Европа

Од:

Зборувајќи пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер посебно инсистираше на улогата која му беше призната и препуштена на Советот на Европа од страна на Европската унија, почитувањето на човековите права на Европскиот континент, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Жан-Клод Јункер, по самитот на Советот на Европа во Варшава во 2007 беше задолжен да го изготви извештајот за развојот на Советот на Европа, претставен точно пред десет години, дел од неговите препораки се спроведоа, другите треба да се спроведат.

На прво место тој го истакна тоа што Европската Унија му ја препушти на Советот на Европа надлежноста за почитувањето и спроведувањето на човековите права на Европскиот континент.

– Тоа е симболиката на Стразбур, градот каде Германија и Франција си подаваат рака, рече Јункер.

Одговарајќи на прашања на парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа, претседателот на ЕК, ги негираше тврдењата на еден пратеник дека ЕУ и Еврокомисијата се под диктат на Германија и на канцеларката Ангела Меркел.

– Со Меркел имам иста работни односи како и со другите шефови на држави или влади. Со неа имам многу многу повеќе несогласувања отколку со другите премиери. Лажен ви е впечатокот дека другите земји се на колена пред Германија и Меркел. Никогаш не забележав дека Германија е многу повеќе пребирлива од другите земји, рече меѓу другото Јункер.

Во своето обраќање, тој посебно се осврна на кризата со бегалците нагласувајќи дека Комисијата „направи се за да постигне европски одговор, да се помогни таму каде што е можно, да се прераспределат бегалците или да се вратат во нивните земји на потекло“.

Договорот постигнат со Турција, според него, е еден дел од европскиот пристап, со почитување на европското право. Јункер нагласи дека секое барање ќе биде разгледано индивидувално, дека нема групни протерувања и дека веќе е забележано намалување на бројот на тие кои преминуваат од Турција во Грција. Со тоа, според него, се избегнува опасното патување преку морето, со што се нарушува моделот на шверцерите кои ја експлоатираат бедата на бегалците.

Јункер денес во Стразбур ќе има средба и со турскиот премиер Ахмет Давотоглу, кој исот така треба да се обрати пред ПССЕ.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

СЕ: Војната во Украина, Ковид-19 и климатските промени – главни предизвици за националните малцинства во Европа во 2020-2022 година

Ана Ололовска

Пејчиновиќ- Буриќ: Почитувањето на принципите на демократска безбедност бара политичка волја

Ана Ололовска

Косово официјално аплицираше за членство во Советот на Европа

Ана Ололовска