Јункер: Со новата грчка Влада ќе разговараме за сите прашања

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пред почетокот на денешниот состанок на Еврогрупата во Брисел, честитајќи ја победата на крајно-левичарската партија СИРИЗА во Грција, соопшти дека обврска на Еврокомисијата е да соработува со било-која власт во земјите-членки на Европската унија, без разлика на нивните ставови.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова е прва реакција на Јункер по изненадувачката висока победа на партијата на Алексис Ципрас кај нашиот јужен сосед, кои веќе формираа и Влада со крајно-денсичарската „Независни Грци”, со единствена допирна точка – анти-мерки за штедење.

Јункер, кој е на чело на неформалната Влада на Европската унија, која заедно со меѓународните кредитори вбризгаа околу 400 милијарди евра во Грција со цел земјата да не банкротира, порача дека со новата грчка Влада ќе разговараат за сите отворени прашања.

– Се уште не сме воспоставиле односи со новата Влада на Грција од причина што истата се уште не е формирана и очекуваме тоа да се случи до крајот на денот. Заедничко правило и чувство е Комисијата да работи блиску со било-која влада на земја и тоа ќе го правиме и со Грција. Со новата Влада на Грција ќе разговараме за сите отворени прашања – порача Јункер.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ