Преговорите за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија треба да почнат „што е можно поскоро”, рече претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Се очекува лидерите на ЕУ официјално денеска да го усвојат договорот за излегување на Велика Британија од унијата, и да се согласат дека таа „постигнала доволен напредок” во формулирањето на условите за Брегзит.