Јункер претседавањето со ЕК го почнува со посета на Германија

Од:

Новиот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер првото службено патување ќе го реализира во Германија, изјави денеска портпаролот на ЕК, Маргаритис Скинас.

Тој прецизираше дека Јункер ќе ја презентира во Франкфурт новата книга на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, а се очекува претседателот на ЕК да има средба со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Скинас, кој е главниот портпарол на ЕК, истакна дека негов прв заменик ќе биде Мина Андреева.

– Досегашниот генерален секретар на ЕК, Кетрин Деј останува на функцијата, додека еврокомесарите не донесат друга одлука, додаде Скинас.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ