Јункер: Орбан не е европски лидер

Од:

Во интервју за „Јуроњуз“ претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер изјави дека не го смета Виктор Орбан за европски лидер.

На прашање дали се чувствива победен од антибриселската кампања на Орбан, тој одговори:

– Не, но тој го сакаше токму тоа.

Јункер вели дека имал поинакво мислење за Орбан, но го сменил и сега според него, тој помалку се однесува европски и е поагресивен кон ЕК.

– Во крајот на 80-те Орбан беше херој во Унгарија и затоа имав почит кон него кога се спротистави на советската окупација, објасни Јункер.

– Но, оттогаш тој стана се помалку европски и стана агресивен кон ЕК. Независно што Комисијата направи многу за Унгарија, што Орбан го признава во приватни разговори, но не и јавно, вели Јункер.

На прашање дали го смета Орбан за европски лидер, Јункер одговори:

– Тој е унгарски лидер. Негов приоритет е неговата држава, а не Европа. И тоа е огромна грешка. Ако се интересираме само за сопствената држава без да гледаме во поширок европски контекст, тогаш ние не сме европски лидери туку слепи национални лидери.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски