Јункер: Немам ни резиденција, ниту авион

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кому му истекува петгодишниот мандат, се пожали на тоа како живее во изминатите пет години, истакнувајќи дека „претседателот на ЕК нема ни резиденција ниту приватен авион”.

– Живеам во хотелски апартмен од 50 квадратни метри за 3.250 евра месечно, а ни Доналд Туск нема резиденција, изјави Јункер за Билд.

Тој додава дека генералниот секретар на НАТО живее во куќа, а речиси сите амбасадори имаат свои резиденции.

За Јункер најголемиот проблем, е, како што вели – што тука никого не може да повика.

– Не можам да поканам официјални лица на гости да седат на мојот кревет. Кога патував со комерцијални летови во посета, секогаш ме повикуваа во своите резиденции, вели Јункер.

Во интервјуто за Билд, претседателот на ЕК потврди дека Европската комисија нема свој авион.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он