По вчерашниот напад во Париз, Европа денеска е во жалост…. Тоа беше напад и врз европскиот начин на живот. Европа треба да одговори, изјави на прес-конференција во Рига претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
Тој најави нов предлог за борба со тероризмот, додавајќи дека таа на прво место е национална одговорност.
– Советот на Европската инија треба да достави дополнителна правна рамка за борба со тероризмот, посочи Јункер.
Премиерката на Летонија, Лајмдота Страујума ја потенцира неопходноста од поголема координација меѓу специјалните служби меѓу државите во ЕУ.
– Тероризмот ја урива взаемната доверба. Подготвени сме да ги заштитиме нашите вредности, меѓу кои се слободата, еднаквоста и братството, посочи Страујума.
Таа истакна дека Летонија како претседател на Советот на ЕУ во следните месеци ќе биде чесен и праведен партнер.
– Приоритетите ни се други, но нема да бегаме и од прашањата за тероризмот, посочи Страујума.