Јункер му порача на Лондон дека не може да има договор „а ла карт“

Од:

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод Јункер и порача на Велика Британија дека не може да очекуваат со ЕУ да направат договор „а ла карт“, пишуваат лондонските медиуми.

Станува збор за договорот за раздружување на Британија од ЕУ, по изгласаниот Брегзит на референдумот и на договорот за идните британско-европски односи.

Британскиот премиер Тереза Меј претходно изјави дека „по никаква цена, Британија нема да прифати слободно движење на работаната сила„ што лондонските медиуми го означија како „црвена линија“ на британската влада во преговорите.

Меј, исто така, порача дека Лондон ќе го запре приливот на мигранти од земјите членки на ЕУ на британската територија, што во Велика Британија се означува како „повторно преземење на контролата на британските граници“.

Во исто време, британската влада и натаму зборува за намерата земјата да остане дел од заедничкиот пазар на ЕУ, иако европските прописи предвидуваат дека за пристап на пазарот мора да се прифатат правилата на Унијата, за слободно движење на работната сила.

Јункер во својата денешна порака до Британците, одново потсетува дека ЕУ нема да отстапи од своите основни определби, за кои вели дека се темелот на европското интегрирање.

Неприфакањето договор по принципот „а ла карт“, како во листа за јадење во ресторан – да го одбереш она што ти одговара, а да го отфрлиш сето она што не го сакаш – претходно го навестија и Париз и Берлин.

Француските и германските политичари неколкупати имаат изјавено дека ЕУ нема да се пазари со Велика Британија околу заедничкиот пазар, зашто тоа би било погубно за самата Унија.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле објаснува дека по Британија и другите би можеле да излезат од ЕУ, а потоа на мала врата да се вратат во неа, како дел од заедничкиот пазар. При тоа, да го прифатат само она што им одговара – да бидат на пазарот од половна милијарада луге, но да не ги прифаќаат правилата и одредбите од ЕУ и другите обврски што со себе го носи полноправното членство.

Преговорите за раздружување на Британија од ЕУ, нема да почнат пред крајот на оваа година.

Премиерот Меј инсистира дека Лондон ќе го започне процесот на повлекување според член 50 од Лисабонската спогодба, тогаш кога Велика Британија ќе биде подготвена за преговорања.

Во моментот постои поделба во британската влада околу тоа дали да се остане во пазарот на ЕУ, или земјата да тргне сама, како преводник на „глобалниот свет на слободната трговија“, повикувајќи се на своето империјално минато, уште од времето кога Британија беше водечка трговска нација во светот.

Тројцата министри во сегашната влада на Меј, задолжени за преговорите со ЕУ, беа предводници на кампањата за Брегзит. Тие инсистираат на блокирање на влезот на работна сила од ЕУ во Британија, објаснувајќи дека референдумот беше покренат за да се преземе од Унијата контролата на британските граници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски