Усвојувањето на закон за декриминализација на некои појави на корупција и аменстија за некои кривични дела би претставувало чекор назад за Романија во почитувањето на владеењето на правото, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
На заедничка прес-конфернција со романскиот претседател Клаус Јоханис, Јункер нагласи дека иако Европската Унија се гради на компромиси, не може да има компромиси во почитувањето на владеењeто на правото.
Ова не е прва критика на Јункер на сметка на Романија изминативе денови. Тој неодамна во интервју за „Велт ам Зонтаг“ изрази сомнеж во капацитетите на Букурешт за претседавање со Унијата.
– Имам сомнежи бидејќи Владата во Букурешт не разбра во целост што вклучува претседавање со членки на ЕУ… Внатрешната политичка ситуација во Романија е таква што земјата не може да настапува единствено во Европа. Земјата треба да биде обединета за да може да бара единство во Европа за време на претседавањето, изјави Јункер за германскиот весник.