„Јунајтед Ерлајнс“ отпушти 232 вработени кои не сакале да се вакцинираат

Од:

Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ вчера соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени, кои одлучиле да не се вакцинираат против Ковид-19.

„Јунајтед Ерлајнс“ е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените.

Првиот човек на компанијата, Стив Кирби, јави дека 232 од 67.000 вработени одбиле да се вакцинираат.

„Јунајтед Ерлајнс“ во моментов е единствениот голем американски авиопревозник што прибегна кон процесот на отпуштање на вработените кои одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19.

„Делта Ерлајнс“ воведе месечна обврска од 200 американски долари за невакцинираните вработени, додека „Американ Ерлајнс“ и „Саутвест Ерлајнс“ преземаат различни мерки за мотивирање на вработените да се вакцинираат. До вчера во „Делта Ерлајнс“ беа вакцинирани 90 проценти од вработените.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид