Јулија Тимошенко претседателски кандидат на украинската опозиција

Од:

Главната украинска опозициска Алијанса денеска ја назначи поранешната премиерка, која се наоѓа на издржување казна затвор, Јулија Тимошенко како нивен кандидат на претседателските избори во Украина во 2015 година.

“Јулија Тимошенко покажа дека ги поддржува европските и демократските вредности, дека е способна за борба”, рече поранешниот спикер на парламентот Арсениј Јацењук во соопштението.

Одлуката беше донесена на Конгресот на лидерите на опозицијата, вклучувајќи ги и членовите на партијата на Тимошенко и партијата на Јацењук, се вели во соопштението на Алијансата, пренесе АФП.

Тимошенко минатиот месец организираше двонеделен штрајк со глад во знак на протест против, kaкo што тврди, измамата на парламентарните избори, кои беа добиени од партијата на претседателот Виктор Јанукович, од кого таа изгуби на претседателските избори во 2010 година.

Поранешната премиерка, издржува седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службената должност поради склучување договор со Русија и би требало да излезе од затвор во 2018, но нејзините поддржувачи сметаат дека треба да биде ослободена порано, благодарение на одлуката на Европскиот суд за човекови права.

“Очекуваме во следните неколку месеци, одлука на Судот на кому се обратија адвокатите на опозиционерката кои ја оспоруваат нејзината пресуда. Се надевам дека судот ќе ја ослободи Јулија Тимошенко”, изјави Јацењук за руската агенција Интерфакс.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари