Јулија Тимошенко одби да учествува на судско рочиште за даночни измами

Од:

Поранешниот премиер на Украина, Јулија Тимошенко, која издржува седумгодишна затворска казна за злоупотреба на власта, одбила да учествува на денеска закажаното судско рочиште во реонскиот суд во градот Харков, каде против неа се води предмет за даночни измами во текот на 90-те, додека ја заземала раководната функција во украинска енергетска компанија.

Ова го соопшти украинската служба за извршуивање санкции, забележувајќи дека Тимошенко под 12-ти пат одбива да присуствува во процесот, почнат во април, пренесоа руските медиуми.

Тимошенко се повикува на својата лоша здравствена состојба и напоменува дека се наоѓа на стационарно лекување во болница.

Според нејзиниот адвокат Серхиј Власенко, пратеник на Врховната рада, неговата клиентка инсистира предметот да се прекине и го смета за продолжение на политичките репресии против неа.

Во ноември минатата година украинската даночна служба ја обнови истрагата за четири кривични дела, што се однесуваа на дејноста на компанијата „Единствени енергетски системи на Украина“, што во периодот 1995-1997 година била предводена од Тимошенко.

Поради тоа предметите беа обединети, потсетуваат руските медиуми.

Доколку биде прогласена за виновна Тимошенко може да добие нова казна, овој пат до 12 години затвор.

На 30 декември 2011 година Тимошенко беше осудена на седум години затвор за пречекорување на службените овластувања при потпишување на гасната спогодба со Русија во 2009 година. Таа казната ја изддржува во воспитната колонија во Харков, а во мај беше преместена од затворот во Централната клиничка болница на украинските железници „Укржелдороги“ во Харков, бидејќи страда од дискус хернија.

Би можело да ве интересира

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски

Руските сили започнаа контранапад во областа Курск