Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор во Русија на 16 февруари, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело на погреб.
Таа во видеото објавено на Јутјуб го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека го држи телото на Навални како, како што наведе, „заложник“ и затоа ја доведува во прашање христијанската вера на рускиот лидер.
„Ниту еден вистински христијанин никогаш не би можел да го направи она што го прави Путин сега со телото на Алексеј“, рече Јулија Навални.