Шпанската метеоролошка служба денеска соопшти дека изминатиот јули бил најтопол месец во земјата откако се мери температурата.
Просечната тремпература во Шпанија во јули изнесувала 26,5 степени Целзиусови. Претходниот рекорд е од август 2003 година, кога просечната температура била 26, 2 степени.
Најтополо минатиот месец било во Кордоба, каде на 6 јули се измерени 45,2 степени. Во Кордоба на 23 јули 1995 година биле измерени 46,6 степени Целзиусови.