Јотингер: Русија шпионираше за време на преговорите со „Газпром“

Од:

Европската комисија редовно е цел на шпионски активности, изјави еврокомесарот за дигитална економија и информациско општество Гинтер Јотингер и нагласи дека Русија ги прислушувала минатогодишните преговори за доставките на гас за Украина,

– Експертите постојано ме информираат за напади од и надвор од Европа, додаде Јотингер.

Јотингер додека беше еврокомесар за енергетика минатата година раководеше со преговорите меѓу Украина и Русија, чија цел беше да се гарантираадека „Газпром“ нема да ги сопре доставките за Киев и покрај тоа што земјите не можеа да постигнат договор за цените на горивото.

Тој изјави дека преговорите продолжиле и покрај тоа што, како што рече, бил, сигурен дека Русија си давала себеи нечесна предност.

– Убеден сум дека „Газпром“ знаеше се за текот на преговорите. За среќа не бевме добро подготвени, рече еврокомесарот.

Јотингер нагласи дека ЕК очекува следните недели извештај од Берлин, во кој ќе биде посочено дали германските агенции пресретнувале информации од Брисел. 

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија