Јордан го предупреди сирискиот амбасадор Сулејман

Од:

Јорданскиот министер за надворешни работи, Насер Џудех го предупреди сирискиот амбасадор Бахџат Сулејман да престане да ја критикува државата во која што претстојува или во спротивно ќе биде протеран.

Изјавата на јорданскиот министер ја потврдува затегнатоста помеѓу двете соседни држави.

Сирискиот амбасадор е жесток критичар на Јордан, особено на социјалните мрежи, бидејќи ја обвинува државата дека е марионета на САД и Израел.

Тој пред две недели, остро го осуди Аман поради тоа што беше домаќин на состанокот на групацијата „Пријатели на Сирија“, која што и дава поддршка на сириската опозиција.

Џудех рече дека Сулејман ги нарушил дипломатските норми во своите офанзивни изјави против Јордан, државата во која што претстојуваат повеќе од 500.000 сириски бегалци.

-Ова е последно предупредување – изјави Џудех за „Асошиетејд прес“ и додаде дека Сулејман ризикува да стане „persona non grata”.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад