Јорданските власти денеска ќе отворат три гранични премини за испорака на хуманитарна помош за илјадниците бегалци кои се наоѓат на сириска територија во близина на границата, соопшти државната министерка за информации Џумана Гнејмат.
Таа додаде дека границата на Јордан со Сирија ќе остане затворена. Според министерката, Аман стравува дека со мигрантите во земјата би можеле да влезат и терористи.
– Ги помагаме нашите сириски браќа според нашите можности, но исто така мислиме и за сопствените интереси, рече таа.
Во изминатотот деноноќие за Сирија заминале 86 камиони со храна, вода за пиење и неопходни стоки, соопшти командот на северниот воен округ генерал Халед ал Масаид. Денеска ќе бидат испратени 35 камиони.
Во Јордан се регистрирани повеќе од 660.000 сириски бегалци. Властите на кралството ја затворија границата со Сироја пред две години, откако терористи нападнаа воена позиција во близина на бегалскиот камп Ракбан.