Јордан: Меѓународните трупи нема да се обидуваат да наметнат мир во Газа

Од:

Јорданскиот крал Абдула изјави дека арапските земји и меѓународните партнери ќе го отфрлат барањето за „наметнување“ мир во Газа доколку нивните трупи бидат распоредени во согласност со планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според мировниот план на Трамп од 20 точки, арапските земји и меѓународните партнери треба да идентификуваат стабилизациска сила за обука и поддршка на палестинските полициски сили во Газа и ќе се консултираат со Јордан и Египет, кои имаат богато искуство на терен, додека Хамас треба да се разоружа и да ја предаде политичката контрола врз територијата.

„Кој е мандатот на безбедносните сили во Газа? Се надеваме дека тоа е одржување на мирот, бидејќи ако тоа е наметнување мир, никој нема да го прифати“, рече кралот Абдула во интервју за Би-Би-Си објавено денес.

Би можело да ве интересира

Најмалку двајца Палестинци се повредени во нови израелски напади врз Појасот Газа

Кушнер до Нетанјаху за Газа: „Самите ја саботирате идејата што ја побаравте“

Нетанјаху: Нема да се повлечеме од Газа додека Хамас не се разоружа

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

Израел нема да се повлече од Појасот Газа

Масакр во Газа: 19 Палестинци се убиени, над 35 се тешко ранети