Јордан, Катар и Иран протестираат против новите карикатури на Мухамед во „Шарли ебдо“

Од:

Околу 2.500 демонстранти излегоа по улиците на јорданската престолнина Аман во знак на протест против објавувањето на нова карикатура на пророкот Мухамед во последното издание на сатиричниот весник „Шарли ебдо“.

Меѓу демонстрантите имаше и претставници на движењето Муслиманско братство, како и на младински организации. Тие излегоа на протест по петочната молитва во Големата џамија Ал Хусеин во Аман.

Протестот помина под засилени мерки за безбедност, по што демонстрантите мирно се разотидоа.

Во меѓувреме, Катар соопшти дека објавувањето на нови карикатури на Мухамед ја потхрануваат омразата и гневот.

Во изјава на катарското МНР се истакнува дека слободата на говорот не значи да се навредуваат останатите луѓе, да се сквернават нивните чувства и да се подигрува со нивните религиозни убедувања.

Иран повторно ја критикуваше одлуката на редакцијата на „Шарли ебдо“ да објави во последниот број нови карикатури на пророкот Мухамед.

Во знак на протест во Техеран за денеска беа предвидени демонстрации. Во последен момент тие беа откажани без властите да соопштуваат официјална причина за таа своја одлука.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ