Јоран Першон можен наследник на Карл Билд

Од:

Доколку социјалдемократите добијат можност да формираат нова Влада по парламентарните избори во Шведска што ќе се одржат на 14 септември, социјалдемократскиот кандидат за премиер Стефан Ловен местото министер за надворешни работи ќе му го понуди на поранешниот шведски премиер Јоран Першон, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Деновиве уште еден висок шведски социјалдемократски политичар најави враќање на домашната политичка сцена и можна кандидатура за нов шеф на шведската дипломатија.

Станува збор за поранешната шведска министерка Маргот Валстром, која исто така ја извршуваше функцијата еврокомесар и потпреседател на Европската комисија и со тоа најблизок соработник на Жосе Мануел Баросо во периодот од 2004 до 2010 година. Ане Екберг, прес-секретар на актуелниот претседател на шведската Социјалдемократска партија Стефан Ловен, денеска за Шведското радио на следниов начин ги прокоментира медиумските податоци околу Јоран Першон.

– Тоа што важи е дека Ловен нема да дели никакви министерски места пред одржување на изборите, вели Екберг.

Јоран Першон 10 години ја извршуваше функцијата шведски премиер при што се има здобиено со широка меѓународна мрежа на контакти. Според бројни сондажи во изминатите неколку месеци левиот опозиционен блок, предводен од социјалдемократите, има убедливо водство од околу 10 проценти во однос на актуелната владејачка десничарско-центристичка коалиција предводена од модератите на премиерот Фредрик Рајнфелд.

Шведските аналитичари се согласни во оценката дека тешко би можеле да се очекуваат поголеми промени и поместувања на симпатиите меѓу избирачите со оглед на тоа дека до одржувањето на парламентарните избори останува уште само еден месец.

Со победа на изборите шведските социјалдемократи повторно би го преземале кормилото на шведската влада по поразот во 2006 година, а едновремено тоа би значело и заминување на премиерот Рајнфелд по два мандатни периода.

Се разбира, во контекстот на тоа и деновите до крајот на мандатот на актуелниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд се чини се веќе изброени.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија