Јоханис вели дека има еднакви шанси за победа на изборите во Романија со премиерот Понта

Од:

Претседателскиот кандидат Клаус Јоханис денеска соопшти дека интерните социолошки истражувања на  Христијанско-либералната унија покажуваат дека разликата меѓу двајцата претенденти за вториот круг од гласањето на претседателските избори изнесува само околу еден отсто.

Тоа било во рамки на статистичката грешка, што, пак, значи дека двајцата имаат еднакви шанси за победа, информираат романските медиуми.

Запрашан како ќе ги коментира објавените анкети за вториот круг, кои му даваат предност од осум до десет проценти на противкандидатот од Социјалдемократската партија, Виктор Понта, Јоханис изјави дека „нашите анкети покажуваат поинаку и можам да ви кажам дека тие не се манипулативни, бидејќи разликата во последната недела изнесува максимум еден процент. Еднакви сме“.

Запрашан зошто јавно не ги објавил овие анкети, Јоханис изјави дека тој зборува само тогаш кога има нешто да каже.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година