Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека очекува Соединетите Американски Држави да останат „силен и непоколеблив“ сојузник на НАТО без оглед на тоа кој ќе победи на овогодинешните претседателски избори.
„САД ќе останат силен и цврст сојузник во НАТО“, рече Столтенберг на прес-конференцијата во Полска што ја одржа со британскиот премиер Риши Сунак, пренесува Ројтерс.
Според генералниот секретар на НАТО, и Северноатлантската алијанса ги прави САД „побезбедни и посилни“.