Јеменските власти постигнаа договор со шиитското движење Хоута

Од:

Властите во Јемен постигнаа договор со припадниците на шиитското движење Хоута, кои со недели простестираа во главниот град Сана, изјави денеска извор близок до јеменското претседателство.

– Договорот е постигната доцна синоќа, рече истиот извор и прецизираше дека врз основа на него во рок од 48 часа ќе биде именуван нов премиер, а цените на горивото ќе бидат намалени.

Припадниците на шиитското движење за возврат се согласија да ги остранат своите протестни кампови, кои со недели беа поставени во Сана и да ги повлечат своите вооружени припадници од престолнината.

Во Сана со недели траеја протестите на приврзаниците на шиитското движење, кои се судираа со полицијата и бараа оставка на Владата и повторно воведување на субвенции за гориво.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида