Јеменските владини сили ја повратија контролата над аеродромот во Аден

Од:

Јеменските безбедносни сили денеска ја презедоа контролата врз аеродромот во Аден, најголемиот град во јужниот дел од земјата, кој од крајот на март беше во рацете на шиитските бунтовници Хути.

Делови на квартот Хор Максар во центарот на Аден, каде се наоѓа аеродромот, биле заземени од силите лојални на претседателот во егзил Абд Рабу Мансур Хади, со воздушна поддршка на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Во меѓу време, Светската здравствена организација (СЗО) денеска во Виена соопшти дека испратила десетици тони лекови и вода за пиење во Аден, каде повеќето здравствени установи не функционираат поради судирите.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен