Јеменските милитанти, кои ја имаат поддршката од Саудиска Арабија, денеска го зазедоа главното пристаниште во јужниот град Аден, како и соседниот округ Муала во намерата од таму да ги протераат концентираните сили на Хутите во земјата, сведочат жители и учесници во борбите, пренесе Танјуг.
Локалните милитанти, кои ги поддржува коалицијата предводена од Саудиска Арабија, веќе три месеци се борат со милициите на Хутите и иранските сојузници, кои во март и април годинава забележливо напредуваа при заземањето на градот, пренесуваат британските медиуми.