Јеменските бунтовници го зазедоа градот Худејде, второ јеменско пристаниште, неколку недели по заземањето на главниот град Сана. Во заземањето на градот едно лице загина, соопштија јеменски претставници.
Хутите, шиитски бунтовници, наишле на мал отпор при заземањето на градот Худејде, кој се наоѓа на 226 километри западно од Сана.
– Хуитските екстремисти се распоредени на клучните објекти, вклучително и аеродромот и пристаништето. При заземањето на зградата на судот еден припадник на обезбедувањето е убиен, изјави неименуван претставник на безбедносните сили.
Армијата и бунтовниците потврдија дека Хутите се распоредени на главните патишта во Худејде, градот од два милиони луѓе.
Бунтовниците, познати и под името Ансарула се борат против централната Влада во Сана повеќе децении, а во Худејде веќе имаат илјадници вооружени членови.
Хутите ја зазедоа Сана на 21 септември.