Шиитските бунтовници Хути во Јемен денеска сооопштија дека го поддржуваат договорот за примирје, постигнат со американско посредништво.
Портпаролот на Хутите изјави дека се согласни да бидат прекинати воените дејствија. да се формира влада на национално единство и да се изнајдат начини за ставање крај на конфликтот.
Државниот секретар на САД, Џон Кери во вторникот изјави дека Хутите и воената коалиција предводена од Саудиска Арабија се согласиле од денеска да ги прекинат воените дејствија. Тој при крајот на посетата на Обединетите Арапски Емирати наведе дека сите страни во конфликтот се договориле да работат за составување на влада на национално единство до крајот на годината.
Меѓународно признаената јеменска Влада го отфрли договорот како едностран.
И покрај прекинот на огнот денеска имаше судири меѓу провладините сили и Хутите во западниот град Таиз.