Јеменскиот претседател Хади и бутовниците Хуси се согласија за еднонеделно примирје

Од:

Меѓународно признатата  Влада на Јемен и шиитските бунтовници Хуси, кои од септември минатата година ја контролираат престолнината Сана, вчера се согласија на прекин на огнот што ќе почне да важи од вечер на полноќ.

Договоорт за примирје е постигнат во предвечерието на директните мировни преговори во Женева, информираат британските меидуми.

Информацијата е потврдена и од двете страни, јавуваат американските медиуми.

Претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади, вечер, на командантите на своите единици ќе им нареди, на пет минути пред полноќ, да ги запрат сите борбени дејствија, изјави претставник на Владата кој побарал анонимност.

-Ние го прифативме прекинот на огнот за да го олесниме страдањето на нашиот народ и да му доставиме хуманитарна помош, изјави вчера Мохамед Абдел Салам, портпаролот на шиитските бунтовници Хуси, на прес конференција во Сана.

Хусите и војниците лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех војуваат против јужните сепаратистички, локални и племенски милиции, сунитски исламисти и поддржувачи на Хади.

Меѓународно признатата Влада одамна сака безусловна примена на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која од бунтовниците бара да ги напуштат сите региони кои ги контролираат, и да го предадат оружјето што го стекнале за време на месеците судири.

Абдел Салам изјави дека, на преговорите во Женева, кои почнуваат утре, делегацијата на Хусите ќе ја разгледа резолуцијата. Хусите засега не соотија дали ќе ги прифатат овие услови.

Во граѓанската војна во Јемен досега загинаа приближно 6.000 лица, потсетуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен