Јеменскиот огранок на Ал Каеда презеде одговорност за нападите во Париз

Од:

Неименуван припадник на Ал Каеда во Јемен соопшти дека таа терористичка група го предводела нападот врз францускиот сатиричен весник Шарли ебдо во Париз кој како што тврдат е одмазда за навредата на честа на пророкот Мухамед.

Припадникот во соопштение доставено до американски медиуми, вели дека „раководството на огранокот на Ал Каеда во Јемен (Акап) раководело со операциите и исклучително внимателно ја одбрало целта за напади“.

На Твитер јеменскиот огранок на Ал Каеда им се закани на Французите со нови напади. Високиот верски нивни претставник, шеик Харит ал Надари го поздрави нападот во Париз како „благословен“ и ги опиша напаѓачите како „херои муџахедини“.

– Подобро да престанете да ги напаѓате муслиманите за да можете да живеете во мир. Но, ако сакате војна тогаш војувајте, нема долго да уживате во мир се додека војувате против пророкот и муслиманите, наведе Ал Надари на Твитер.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида