Јеменскиот огранок на Ал каеда, а не Завахири стои зад заговорот за напади

Од:

Огранокот на Ал каеда во Јемен, а не лидерот на организацијата Ајман ал Завахири, стои зад заговорот за напади врз западни цели, што ги натера САД да објават тревога за безбедност, објави „Волстрит џурнал“.

Според податоци добиени од анонимен американски службеник, Насер ал Ваиши, лидер на „Ал каеда на Арапскиот полуостров“ со седиште во Јемен, е мозокот зад проектот за напади.

Завахири е број еден во Ал каеда и поранешна десна рака на Осама бин Ладен, но тој само ја одобрил операцијата, предложена од Јемен, според негов разговор со ограноците на мрежата, пресретнат од американското разузнавање.

– Завахири да даде одобрение е многу различно од тоа сам да нареди заговор или да е способен да започне напад во стилот на 11 септември, изјавил изворот. Ако тоа се потврди, пасивната улога на лидерот на Ал каеда во проектот за напади ќе ги потврди зборовите на претседателот на САД Барак Обама дека „централното јадро на Ал каеда е на пат да биде разбиено“.

И покрај тоа, Обама повика да се сфатат „сериозно“ неодамнешните екстремистички закани кон американски интереси.

Јемен во средата соопшти дека осуетил план на Ал каеда, кој предвидувал заземање на градови и нафтени терминали во земјата, како и земање за заложници и кревање во воздух гасоводи и нафтоводи.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида