Јеменски политичар убиен во Сана

Од:

Познатиот јеменски политичар и писател Мухамед Абдул Малик ал Мутауакил е убиен денеска во главниот град Сана, јави ДПА.

Јеменските безбедносни сили соопштија дека Мутауакил бил убиен од маж на мотоцикл, кој избегал од местото на инцидентот.

Мутауакил (72) беше лидер на партијата „Сојуз на народни сили“. Тој имаше клучна улога во создавањето на главниот опозициски блок во земјата.

Мухамед Абдул Малик ал Мутауакил, исто така, беше и познат писател и интелектуалец.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен