Јеменските бунтовници Хути тврдат дека успешно лансирале балистичка ракета во Ријад, со најава за уште напади во главниот град на Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија е предводник на меѓународната коалиција против Хутите и сојузничката единица на јеменската војска од март 2015 година.
Саудиските претставници засега не го коментираа случајот.
Во соопштението што денеска го објави агенцијата „САБА“ (што е во сопственост на Хутите) се наведува дека целта на ракетата, што била истрелана од околу 1.000 километри од главниот град на Јемен, што е под контрола на Хутите, била воената база во западниот дел на Ријад – Ал Мазамија.