Јеменската главоболка

Од:

Новаја газета – Москва

Ете, бедата не го одмина и Јемен. Најмрачните последици од „арапската пролет“ стигнаа тука од нејзиниот почеток; тие одамна ги завладеаја Сирија и Либија и ги претворија земјите во крвави партали. Се навестува дека во Јемен ќе започнат вистински крвопролевања, неспоредливи со оние од почетокот на „арапската пролет“ кога пламна востанието против претседателот Али Абудла Салех.

„Силниот човек“ на Јемен се задржа доста долго без да отстапи пред притисокот на „поголемиот брат“ – Саудиска Арабија, ниту пак пред тој на Вашингтон, чии стремеж беше да ја втурне земјата кон туниско-египетското сценарио. А кога на крајот беше принуден да замине, сосема јасно се појави старата арапска (и не само арапска) дилема: што е подобро, диктатура која ја гуши слободата, но гарантира ред и стабилност, или револуција со опијанет лик на слобода, брзо развиорени секакви сили, десни и леви, од модерно образована младина и „генерација на интернетот“ до исламски мрачни сили, и сето тоа задолжително со хаос и разнебитено стопанство.

За Јемен е добро што таму нема етнички судири – во земјата живеат само Арапи. Како и сите планнци по светот, луѓето таму се слободољубиви и воинствени, таму нема куќа без пушка. Но Алах не ги дарувал со нафта, им ја дал на соседите. Во однос на религијата, 60 до 70 проценти од 26 милионското население се сунити, останатите се претежно шиити, но посебни. Се нарекуваат зејдити, по името на нивниот бунтовнички водач од 8-иот век, кој се кренал против сунитскиот калиф. Зејдитите се сметаат за поумерени шиити од ослободителите во Ирак и Иран; исто и во Јемен, нивните односи со сунитите не стигнаа до крвави меѓупресметки.

Но за некој ден се ќе заврши. Кога по продолжените внатрешни борби Салех беше сменет од сегашниот претседател Хади, кој ја нема ниту вољата ниту пак харизмата на неговиот претходник, власта значително се расклати и судирите помеѓу различни групи стигнаа до таму што сите слоеви од населението отворено искажаа незадоволство.

Точно во тој момент, на сцената излегоа племиња кои веќе неколку години бараат своевидна автономија на северната провинција Саадах – зејдити по вера, наречени хуси (или хауси), според името на нивниот неодамна убиен вожд Ал Хуси.

Зад грбот на хусите стои моќната цитадела на светскиот шиитизам – Иран. Техеранските власти јавно ги финансираат и воружуваат хусите, во нив гледаат нешто како јеменско издание на либанскиот Хезболах, оружје во борбата против сунитските хегемонии на арапскиот свет (сунитите управуваат во 20 од сите 21 арапска држава). Остатоците од претходниот режим во кој преовладуваа сунити, ја имаат подршката на Саудиска Арабија и од САД.

Меѓу недоразбирањата и хаосот, хусите брзо стигна до центарот на земјата и ја преземаа престолнината Сана, што беше повод мнозина набљудувачи кај нас да изјаваат дека САД го изгубила Јемен. Но, нештата не се толку едноставни. Ријад и Вашингтон во никој случај не смеат да го загубат Јемен, и не само затоа што државата тогаш може да стане ирански сателит како Сирија со која управува Башар Асад. Постои и друга закана: освен Ал Каеда во Ирак, групацијата која денес прерасна во Идил (или Исламска Држава-ИД), покојниот Осама бин Ладен успеа да создаде и Ал Каеда на Арапскиот полуостров (Акап).

Стремежот на таа организација е да ја смени саудиската династија која Бин Ладен – и самиот саудиец кој длабоко ја мразеше, ја нарекуваше нечесна и продадена. Аап беше основана тому со цел да ја уништи и да изгради исламска држава на Арапскиот полуостров. Диверзантско-терористичката дејност на исламистите во Саудиска Арабија инаку не понижаа успеси, и нејзините борци се преместија во соседен Јемен. Јеменските владетели, сојузници на саудијците и на американците, се помачија да ги ликвидираат исламистичкиот востанички лидери во земјата и побараа помош од Вашингтон. Во Јемен нема американски војски, но ефикасно дејствуваат дроновите, беспилотни летала од кои населението на Бин Ладен трпи големи штети.

И така властите на Саудиска Арабија, а со нив и нивниот вашингтонски покровител, се најдоа меѓу два огна: јеменските хуси шиити протежирани од Иран – и Ал Каеда, која иако е сунитска организација е непомирлив непријател на монархијата. По се изгледа дека Ријад и Вашингтон донеле одлука да нанесат удар против најблискиот и директен непријател, хусите, а потоа и конечно да ја искоренат Акап. Формирана е коалиција од арапски држави кои започнаа и воздушни напади.

Но во Јемен делува и трета сила. Никој веќе не помни дека само до пред четвртина век имаше два Јемени. Вториот на југ, со престолнината Аден, се нарекуваше Народнодемократска република Јемен. Тоа беше единствена марксистичка држава во арапскиот свет, нејзините лидери учеле во Вишата партиска школа во Москва. Но штом социјализмот секаде пропадна, така помина и НДР Јемен. Пред две децении, Јемен се обедини по кратка војна, но сепаратизмот си остана и ете денес во атмосфера на хаос и анархија пак ја дига главата. Не дека секој размислува за марксизам, но јужњаците се луѓе со различен дух, менталитет и табиети за разлика од оние на северот. И таму избувна востание.

Што ќе надвладее? Неразумно е да претскажуваме. Можеби започнува не само граѓанска војна, туку и „војна за полномоштво“ – дејствие прво од една грандиозна конфронтација меѓу двата исламски фундаментализми, сунитскиот и шиитскиот, и двата слично водени и од Саудиска Арабија и од Иран. Ианку сликата не е сосема „бистра“ заради несопирливата појава на исламскиот радикализам, кој создал калифат, и кој е еднакво неприфатлив и за сунитските и за шиитските владеачки сили во целиот регион. Се е збркано, насекаде се лее крв.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида