Јемен: Во самоубиствен напад убиени 45 лица

Од:

Најмалку 45 лица загинаа, а десетици се повредени во двоен напад на бомбаш-самоубиец во редот за регрутација на војници на пристаништето Аден во јужен Јемен, соопштија денеска локалните власти.

Напаѓачот го активирал појасот со експлозив откако застанал во редот пред регрутниот центар во близина на воената база Бадр во населбата Кормаксар, каде во моментов е базирана Владата на претседателот на Јемен Абедраб Мансур Хади, јавува Танјуг.

Јеменскиот сајт „Аден ал-Гад“  прикажа фотографии од војници кои ги креваат од земја своите убиени колеги во униформи, додека сведоците наведуваат дека виделе како амбулантна кола ги пренесува повредените од самото место.  Во нападот се повредени околу 60 лица.

Аден е привремена престолнина на јеменската Влада, која има поддршка од Саудиска Арабија, и се обидува да ја врати под контрола својата престолнина Сана од вооружените бунтовници Хути.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа