Повеќе од 800 членови на Ал Каеда убиени се во воената офанзива против таа група на југот на Јемен, соопшти денеска арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија.
Провладините сили повторно го зазедоа нафтениот терминал, како и градот Мукалу, кој се смета за упориште на џихадистите, соопштија воени извори, пренесува Танјуг.
– Резултат од операцијата е ликвидирање на повеќе од 800 членови на Ал Каеда, меѓу кои и неколкумина нивни лидери, додека одредени лица побегнаа, се наведува во соопштението на командната коалиција.
Западните агенции, повикувајќи се на неименуван воен офицер, јавија дека во градот Мукалу, град со околу 200.000 жители, борците на Ал Каеда не шружиле отпор и оти се повлекле кон запад.