Јемен: Шиитски бунтовници заплениле возила на амбасадата на САД во Сана

Од:

Шиитски милиции хути во Јемен запленија автомобили, во сопственост на американската амбасада во Сана, по повлекувањето на американските дипломати од земјата поради безбедносната ситуација, изјави локален службеник на дипломатската мисија.

Одземени биле над 20 возила. Пред да заминат, американските дипломати го уништиле оружјето, компјутерите и документите од амбасадата.

Според порталот „Баркиш.нет“ шиитските милиции заплениле околу 30 возила и оружје, јави ДПА.

Велика Британија и Франција, исто така, ги затворија своите дипломатски мисии во Јемен, откако немирите ескалираа во земјата по минатонеделното преземање на власта од хутите.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен