Речиси 60 лица се водат за исчезнати и се претпоставува дека загинале при бродолом покрај брегот на јеменскиот остров Сокотра, јави БТА.
Бродот, кој пловел меѓу пристанишниот град Мукал во североисточниот дел на земјата и островот Сокотра, потонал вчера.
Австралиски и австриски бродови успеале да спасат две лица.
Островот Сокотра се наоѓа на 350 километри југоисточно од Јемен.
Локалните власти, за пронаоѓање на жртвите, побарале помош од меѓународната арапска коалиција .